Заев: Нови рекорди на странски инвестиции
Имаме нови рекорди на странски инвестиции, кои изнесуваат 624,5 милиони евра, што е двојно повеќе од најдобрата година што Северна Македонија ја имала од самостојноста досега. Бројот на невработени е под 19,4 проценти, платите се зголемени 22.000 на 25.000 денари и трендот на нивен пораст расте. Бруто домашниот производ беше минус 1,8 отсто, сега е 3,7 отсто. Расте бруто домашниот производ. Првиот квартал очекуваме да биде и поголем од 3,7 отсто.
Ова вечерва го истакна премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во ТВ дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Посочи дека ќе имаме стабилен раст поголем од четири отсто.
Мицкоски рече дека од ветените пет проценти бруто домашниот производ од кога Заев ја преводи Владата, до денеска нема ништо.
– Има раст на бруто домашниот производ од 2,05 проценти, во услови кога оној на нашите соседи е пет шест, седум проценти. Оваа Влада ги зголеми даноците. Домашните и странските инвестиции доаѓаат ако имаат правна сигурност и предвидливост на нивните инвестиции во државата каде доаѓаат. Процесот на приклучување кон ЕУ и НАТО не значи ништо сам по себе доколку вие немате правна држава, доколку правната држава не функционира. Кај нас за жал правната држава не функционира, потенцира Мицкоски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација