Заев: Новата методологија за преговори би била фер шанса за нас
Премиерот Зоран Заев денеска изрази очекување дека новата методологија за преговори на Европската Унија, може да се адаптира до првата меѓувладина конференција, што се одржува после неколку месеци од донесување одлука за почеток на преговори.
– Новата методологија би била фер шанса за нас, ако не бива успеваме во тој процес и тоа е одржливо, одиме напред. Ако не не бива, на пример ако нарушиме состојба во медиумите, се враќаме назад. Тоа е вистински начин за трансформација на земјите-кандидати, рече Заев и изрази уверување дека брзо ќе се донесе одлука за почеток на преговори и согласно тоа се проектира првата меѓувладина конференција.
Изрази уверување дека средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и шефот на француската држава Емануел Макрон ќе биде можност да се каже вистината, за нашите успеси и, како што рече, за сериозноста во нашето очекување за одговорна одлука од претседателот Макрон за нашата земја.
– Франција е голем пријател на Република Северна Македонија. Верувам дека е вредно да се размисли. Уште еднаш напоменувам дека бараме да ја држат нашата мотивација кон европскиот пат, не бараме веднаш членство, сакаме да продолжиме по вистинскиот пат, по патот на реформите, на трансформацијата на нашето општество. Верувам дека средбата за нас е можност, претседателот на Франција да знае повеќе за нас, оцени Заев.
Во однос на идејата за мал шенген, рече дека тоа е чекор кон унапредување на мултилатералната соработка меѓу сите шест земји од Западен Балкан.
– Да се овоможи патување со лични карти, да се олесни траснпортот на луѓе и камиони на граничните предмети, меѓусебно прзнавање на документацијата, да им се олсни животот на граѓаните. Тоа е во рамки на Берлинскиот процес, истакна премиерот.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто