Заев: Никогаш не сум посочил оти други лица се виновни за случајот „Монструм“
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека никогаш не посочил оти други лица се виновни за петкратното убиство кај Смилковско езеро познато во јавноста како случајот „Монструм“.
-Ако имав лица да посочам, од 2015 еве до 2021 година ќе ги посочев до сега. Никогаш не сум спомнал дека друго лице е виновно. Сум давал свои коментари, задршки и резерви за тоа што било соопштено во јавноста преку читање на пресудите, тогаш достапни на 183 страни, секогаш сум давал одговор транспарентно на новинарски прашања за тоа што сум го мислел. Но, секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот, рече премиерот Заев на новинарско прашање
Тој појасни дека се она што го имал како информација го споделил со јавноста и го доставил до Обвинителството, а правосудните органи се тие кои преку истрагите и анализата на сите докази и аргументи и споредување со материјалните докази покрај аудио доказите ќе го имаат последниот збор преку изрекување на пресудите.
-Драго ми е што овозможивме преку доставување на илегално прислушувани материјали да се овозможи повторување на процеси со коишто преку нив се открива докрај самата вистина на случаите за кои имаше сериозен интерес во јавноста, вели Заев.
Ново на Сител
-
136 санкционирани возачи во Скопје, 46 за брзо возење
-
СДСМ: Ќе бидат исплатени платите, ќе се спроведат сите мерки од петтиот пакет
-
Контролни вакцини од Институтот Торлак се испратени на анализа во Москва
-
Канадски пратеник се појави гол на онлајн седница на Парламентот
-
Кинеската економија се опорави од последиците на пандемијата на коронавирусот
-
СЗО: Загрижени сме за недостигот на нови ефикасни антибиотици
-
Финска преговара со Русија за вакцината Спутник В
-
Лишен од слобода агентот за недвижности кој при продажба на станови оштети повеќе граѓани