Македонија
13. July 2021 - 14:51

Заев: Ние не сме Република С. Македонија ние сме Република Северна Македонија

На новинарско прашање дали СДСМ нема да ја поддржи Резолуцијата доколку не биде усогласено со Уставот во однос на уставното име и ако е точно што не е усогласено со оглед на тоа што никаде не се споменува Република Македонија во Резолуцијата, премиерот Зоран Заев рече дека кој како сака нека каже ние уставно сме Република Северна Македонија.

- Во Резолуцијата треба да стои Северна Македонија и тоа е Устав тоа не е дали ние сакаме, некој не сака или ние не сакаме, па друг сака, изјави премиерот Заев.

 Премиерот нагласи и дека името  е Република Северна Македонија, а не Република С. Македонија.

- Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република С. Македонија, ние сме Република Северна Македонија. Граѓаните а тоа прашање се изјаснија на Референдум и согласно Уставот 2/3. Парламентот во една дискусија од 130 дена три пати гласајќи ја донесе одлуката за ново уставно име, со тоа што на името Република Македонија се додаде зборчето Северна и тоа е дел од Преспанската спогодба што е закон веќе, а истовремено и дел од нашиот Устав. Така што очекувам да се почитува Уставот од страна на сите коишто се должни да го почитуваат.  

Премиерот додава и дека Законот предвидува казни за непочитувачите на Уставот.

- Според мене непочитувачите на Уставот, ако се граѓаните имаат реперкусии, затоа што Законот предвидува што е казниво и што не е казниво, а политичките партии не е во ред да останат неказнети, односно да не сносат последици, додава премиерот Заев.