Македонија
19. August 2021 - 20:23

Заев: Ние не ги носиме гласачите во џеб

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев посочи дека на 17 октомври ќе одлучуваат граѓаните кои ќе ја избираат најдобрата понуда за нивната општина.

- Ова се избори каде одговорноста и одлуката е кај граѓаните не е кај политичарите. Ние не ги носиме гласачите во џеб, никој од нас. Одговорноста и одлуката на граѓаните доаѓа согласно нивниот впечаток на состојбите нивниот поглед кон кандидатите и нивната верба во иднина во својата општина во која ќе гласаат. Прво, политиките кои се етноцентристички, кои се контра мултиетничкото наше општество кои зборуваат за чиста Македонија е првата причина за која што око не ми трепнува дали некој  ќе влезе во некоја коалиција. Јас ви тврдам денес, дека поддржувачите на Алијанса нема да гласаат за ВМРО - ДПМНЕ ниту пак подржувачите на ВМРО - ДПМНЕ ќе гласаат за Алијанса. Не заради тоа што мене тоа ми се допаѓа дека ќе имаат помалку гласови како опозициони партии тоа е израз на нивните политики.Кој како сака нека влегува во коалиција, на изборите одлучуваат граѓаните кои ја бараат најдобрата понуда, кои не сакаат кочења блокади и поделби, истакна Заев.