Македонија
8. September 2020 - 11:33

Заев: Независноста ја одбележуваме слободни и отворени кон светот

„Почитувани граѓани на Република Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември - Денот на независноста!

Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните на Република Македонија, на сите идни поколенија на оваа земја, им го дадоа најголемиот подарок - независноста на државата.

Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни. Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста!“ напиша на својот фб профил премиерот Зоран Заев.