Македонија
30. November 2015 - 16:41

Заев нема конзистентност во ставовите - Граѓаните бараат одговорност

Трета промена на ставот на Зоран Заев, во врска со случувањата во Диво насеље, во само неколку дена. Лидерот на СДСМ прво зборуваше за сценарио на власта, за потоа на меѓународната конференција во Словенија да признае дека Македонија во кумановската акција била соочена со терористичка група составена од повратници од ИСИЛ.

Денеска, по само три дена од конференцијата во Љубљана, Заев повторно да се врати на првичната теза дека станува збор за иссценирана акција.

Граѓаните шокирани од најновата промена на ставовите на Зоран Заев. Тие го советуваат опозицискиот лидер да внимава што зборува, или пак да запишува тоа што го кажува, за да не продолжи да се бламира и во иднина. 

Реакцијата на граѓаните е резултат на говорот на Заев во Љубљана, каде тој ги споредува настаните во Куманово со терористичките напади во Париз, што е сосема спротивно на тоа што тој го зборуваше шест месеци порано. 

За разлика од настаните во француската престолнина, каде загинаа повеќе од 130 лица, македонските безбедносни сили со акцијата во Диво насеље целосно спречија терористичката група да предизвика цивилни жртви.