Македонија
15. May 2018 - 16:09

Заев: Нема да пропадне светот, ако не биде постигнат договор со Грција

Напредокот во преговорите е голем но остануваат уште тешки и болни прашања, смета премиерот Заев. Не очекува решение на средбата со Ципрас во Софија а не гледа ниту крајни рокови во претстојунирте Самити.

Во пресрет на средбата со грчкиот колега Ципрас во Софија, заев изразува подготвеност за средба со шефот на опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска бараат свикување на итна лидерска средба обвинувајќи дека владата ги крие деталите од текот на разговорите со Атина.

Лидерска средба според најавите на премиерот се очекува да се одржи по Самитот во Софија.