Македонија
5. August 2015 - 17:02

Заев не се појави на суд - по идното рочиште ќе биде стражарно приведен

Судењето за Пуч одложено за 7 септември. Поради неоправдано отсуство на  4то обвинетиот Зоран Заев судијата донесе одлука да се презакаже рочиштето. На инсистирање на одбраната обвинетите ќе седнат пред лицето на правдата подоцна од разумните рокови. Адвокатот Филип Медарски рече дека е постигнат политички договор меѓу партиите според кој случајот треба да биде преземен од специјален јавен обвинител. Токму поради тоа бараат рочиштето да се одржи во септември. Судијата му возврати дека работи според закон а не според политички договори, но со согласносто од обвинетите Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски  кои се во притвор, главниот претрес се одложи за 7 другиот месец месец.

Одбраната не сакаше да даде изјава за медиумите ниту коментар за одложувањето.

Судиите се  обиделе да стапат во контакт со Заев бидејќи не давал никакви оправдувања и  биле известени дека обвинетиот е на годишен одмор. Адвокатите и на ова реплицираа дека Зоран Заев јавно се изјаснил за причините поради кои не доаѓа на рочиште, но ваквиот коментар беше отфрлен. Освен Зоран Заев сите обвинети присуствуваа на закажаното рочиште . Во следната покана ќе стои опомена, доколку не се јави и на овој датум во суд, следниот пат ќе биде стражарно приведен. Ианку Заев пред јавноста кажа дека не го признава македонското судство и поради тоа нема да присуствува на рочиште. Во случајот Пуч освен него, обвинети се екс директорот на УБК Верушевски, неговата сопруга, општински службеник од Струмица и еден  вработен од МВР. Се товарат за шпионажа и насилство врз највисоки државни органи.