Македонија
28. May 2021 - 13:54

Заев: Не размислуваме за воведување кризен данок

Премиерот Зоран Заев денеска уверуваше дека владата не размислува да воведе кризен данок или сличен нов данок, но се анализираат другите даноци.

– Кризен данок не ни треба сега. Не размислуваме за воведување на нови даноци. Пораката е дека ќе обезбедиме стабилни даноци, изјави Заев по отворањето на првиот стартап самит во земјава.

Премиерот рече дека државната каса е во добра кондиција и собирањето на даноците е добро.