Македонија
9. July 2019 - 16:40

Заев не одобрува мерка притвор по секоја цена, но нема намера да се меша во судот за Јанакиески

Премиерот Заев жали што поранешниот министер Јанакиевски е во притвор но вели дека  лично нема да се меша во судските одлуки. По 11 дневниот штрајк со глас на Јанакиевски во Шутка, Заев вели дека според него мерката притвор треба да се користи единствено како крајна мерка.

- Жалам што се користи притворот затоа што има други механизми на обезбедување на осомничено ии обвинето лице. Немам намера да интервенирам, првиот момент кога ќе интервенирам сме уништиле се во државата“, вели Заев.

Заев посочи дека со Јанакивски имал одлична соработка во време кога тој бил градоначалник на Струмица.

Веќе единаесетти ден по ред, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, штрајкува со глад во истражното оделение во „Шутка“ каде што се наоѓа во притвор  за новиот предмет на јавното обвинителство во кој тој е еден од осомничените за злоупотреба при оттуѓување на државно градежно земјиште.

Тој беше приведен во својот дом каде веќе издржуваше мерка куќен притвор за друго дело. Неговите адвокати излегоа со тврдење дека оваа одлука на судот е противзаконска зашто тој за потешкото дело 27 април добил поблага мерка на обезбедување, а за новиот случај добил притвор во Шутка.