Македонија
14. May 2018 - 16:06

Заев не очекува на средбата со Ципрас во Софија да има решение – суштинските разлики остануваат

Премиерот Заев не верува дека до 17 мај кога ќе се одржи  средбата со Ципрас во Софија ќе има конечен договор.  Планираниот  состанок кој ќе се оддржи на маргините на самитот не е  одлучувачки за процесот, вели  Заев, појаснувајки дека иако времето е кратко  останува  суштинскиот дел од  разговорите,

Премиерпт е подготвен да  ја брифира опозицијата за текот на преговорите, но за да се оставри лидерска средба потребно е да престедателот Иванов да се врати од Турција, а министерот Димтров од Хаг.

Во мегувреме од партијата на Каменос, повторија дека нема да прифатат за име во кој  биде вклучен терминот Македонија.  Портпаролката на Независни Грци, помалиот партнер во Владата на Ципрас, во интервју за грчко радио истакна дека тие во  Парламентот нема да гласаат за таков догвор.

- Не можеме да прифатиме име што ќе го вклучува терминот Македонија или изведени зборови. Државата на Скопје ќе треба да прифати еден комплетен договор, односно промена на Уставот, промена во личните карти, едно име за сите. Во секој случај, ние, Независни Грци не можеме да отстапиме од основните прашања и нашите цврсти позиции. За нас, јадрото на иредентизмот на соседната држава, се наоѓа во името,  истакна  Пападопулу во радијското интевју .

Грчките медиуми блиски до владеачката Сириза, пренесуваат дека европските функционери Жан Клод Јункер и Федерика Могерини ја советувале Атина евентуалниот договор за името во грчкиот Парламент да биде изгласан со зголемено мнозинство од 180  наместо 151 пратеник, но за телевизијарта Стар ова беше демантирано од Европската комисија