Заев: Не можеме ние никого да натераме да се вакцинира, ниту конобарите, ниту пак попишувачите
На прашањето дали во период кога имаме високи бројки на новозаразени со Ковид-19 е безбедно да се одржат пописот и локалните избори премиерот Заев рече дека е безбедно.
- Верувам, да. Ние спроведовме избори лани, 15 јули 2020 кога истот така имаше пандемија со сериозни бројки на заразени. Морам прво да напоменам кога лидерот на опозицијата побара одложување за септември молев, буквално - еве ќе дозволиме одложување нека биде крајот на мај, почеток на јуни додека не одат децата на распуст, дај да го завршиме сега. Ако се вратите назад тоа не беше пред 100 години, туку пред неколку месеци а бројките беа од 4 до 50 крајот на мај почетокот на јуни ќе ги видите бројките, но нели ај септември. За да учествува опозицијата нека е септември, никој не може да гарантира што ќе донесе септември. рече Заев.
Премиерот вели дека не може никој да се присили на вакцинација.
- Не можеме ние никого да натераме ниту конобарите кои работат во објектите, не можеме ние со сила да ги натераме ниту пак попишувачите. Процентот на вакцинирани попишувачи ќе биде малку поголем од просекот во државата, вели Заев.
Ново на Сител
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите