Македонија
21. May 2018 - 16:13

Заев: Не може да се очекува уставна промена за кое било име, освен за Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска МАкедонија според премиерот Заев сеуште е во игра. И покрај студениот туш од грчката влада, Заев смета дека сеуште има простор политичките партии во Грција да го променат мислењето.

Заев твртди дека прифаќањето ерга омнес и уставни измени важи само за пакетот Илинденска Македонија а не и за било кое друго решение.

Грчката влада пак и денеска потенцира дека идното решение го гледа во некој од предлозите на медијаторот Нимиц. Горна, северна, вардарска, нова и република македонија скопје беа 5те предлози кои во јануари Нимиц ги стави на маса за разгледување.

„Што се однесува на името, не сме стигнати до таму. Секако постојат предлози што биле ставени на маса, но, сепак, грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози. Но, не сме стигнати до таму, треба да поминеме уште пат за да можеме да говориме за конечен договор“, вели во интервју портпаролот на владата во Атина Димитрос Ѕанакопулос.

Опозицијата во Македонија се спротистави на пакетот кој предвидува и уставни измени. Денеска и собрансиката комисија за надворешни работи предводена од поранешниот шеф на дипломатиојата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ побара на писмено да се разгледа предлогот кој го застапува македонската влада.

 – Ставот на премиерот Заев беше дека идентитеските прашања остануваат непроменети, како што се сега во ОН, додека вчера во едно интервју министерот за надворешни работи Димитров за јазикот кажа дека ќе биде македонски без превод, и гледаме дека или нема усогласеност или дека некој знае повеќе или дека нешто се крие од јавноста. Затоа ценам дека е добро да имаме писмен предлог – рече Милошоски.

Најголемата опозициска партија во Грција, Нова Демократрија, обвини дека предлогот Илинденска Македонија е иредентистички и не може да биде прифатен под никакви околности.

Во изминатите денови слушнавме и јас лично бев избрифиран, дека се разговара за име на Скопје, за името „Илинденска Македонија“. Значи, да разјасниме одредени прашања за оние кои се чини дека не ја познаваат добро нашата историја. Илинденското востание и името на Илинден се идентификуваат со македонскиот иредентизам, рече денеска лидерот на Нова Демократија Киријакос Мицотакис.

Разговорите з аимето продолжуваат во Њу Јорк во четврток и петок. Од денеска па се до новата рунда преговори шефот на грчката дипломатија ќе биде во Вашингтон каде ќче оствари средби со американскиот државен секретар Мајк Помпео и со Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш со кои меѓу останатото ќе разговара и за спорот за името.