Македонија
3. July 2019 - 14:23

Заев: Не може да го правите салата Рашковски - тој не е арогантен

Премиерот Заев нема да побара оставка од генералниот секретар на Владата Драги Рашковски затоа што не гледа ароганција во неговиот настап пред новинарите вчера.

Заев вели дека Рашковски се извинил, а дека медиумите не можат да прават никого салата.

Владата нема никој да тужи од медиумите, а личностите ако се чувствуваат навредени може да си поднесат тужби.

Во однос на зборовите кои Рашковски ги кажува на сметка на италијанскиот народ премиерот Заев вели дека ќе напише писмо до „Леонардо“, со извинување од име на Владата. Тоа ќе го стори и кон ромската заедница во земјава.

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова