Македонија
3. December 2017 - 16:12
Заев: Не ја коментирам најавата за оставка на Груевски, потребна силна опозиција
Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да ја коментира најавената оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, но посочи дека силна опозиција ќе ја направи власта да биде поодговорна.
- Тоа се внатрешни процеси кои што членовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството и раководните структури ќе си дефинираат, како е за нив најдобро, изјави Заев на новинарско прашање за коментар на најавената оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Силна опозиција, рече Заев, ќе ја направи власта да биде поодговорна, потранспарентна, поотчетна и повеќе граѓански посветена.
-->
-->