Македонија
5. October 2021 - 16:59

Заев не ги прифати понудените оставки од Филипче и Хасани

Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките од министрите Венко Филипче и Илир Хасани. Тој рече дека тие спасиле илјадници животи со нивниот ангажман, по што посочи, дека затоа им ја дава довербата.

„Нема причини да се лоцира за политичка или моралност одговорност кај министрите. За евентуалните грешки, ќе се произнесат надлежните органи. Нема да дозволам политизирање на трагедијата во тетовската болница. Ние политичарите не смееме да го толкуваме извештајот на вештите лица. Откриена е причината за пожарот и таа јавно објавена. Дадов насоки до МЗ да се направат контроли во сите болници“, рече Заев.