Македонија
25. September 2019 - 21:40

Заев: Наша примарна одговорност е да го обезбедиме својот пат за остварување на Целите за одржлив развој

Премиерот Заев обраќајќи на Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој, како дел од програмата на 74-тото Генерално собрание на ОН, посочи на мерките и реформите со кои директно се враќаат буџетските пари на нашите граѓани,  и со тоа се намалува нееднаквоста и им се помага на оние на кои им е најпотребна финансиска помош.

-Да се намали нееднаквоста и да не оставиме ниту еден зад нас, е врвниот принцип на Владата на РСМ и на Министерството за труд и социјална политика. Успешното спроведување на социјалните реформи овозможи дури 30.000 домаќинства или околу 120.000 граѓани да добиваат социјална помош повисока во просек за 300 отсто во однос на 2016 година. Поддршката за младите е еден од нашите приоритети како земја. Обезбедување поволни услови за надградба, развој и вработување на млади се видливи преку нашиот Оперативен план за вработување. Владата обезбеди 17,9 милиони евра за оваа година и тоа е најголема сума досега, три пати поголема во однос на 2014 година, издвоена за мерките за вработување на младите, информираше премиерот Заев на Форумот.

Тој истакна дека дека Република Северна Македонија е единствената земја која не е членка на ЕУ и воведе гаранција за млади, мерка што е дел од европските политики и има за цел да им обезбеди на младите луѓе во рок од четири месеци од датумот на регистрација во Агенцијата за вработување квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука или стажирање.