Македонија
20. February 2021 - 17:13

Заев најавува усогласување со Европската регулатива за етничката определба во личните карти

Етничка припадност во личните карти ќе има, но се додека во ЕУ не се донесе регулатива која ќе го забрани тоа. Макеоднија ќе го усогласува националното законодавство со ЕУ, дециден е премиерот Заев.

Според опозицискиот лидер пак премиерот постојано ретерира. Мицкоски е убеден дека во личните карти нема да има етничка определба Македонец.

Од пратеничката група на СДСМ најавија нивни амандмани за да се подобри законското решение, а пополнувањето на графата да биде право на избор.

Решението засега е блокирано со 1200 амандмани на Левица.