Македонија
4. October 2021 - 20:53

Заев најави план за инвестиции вреден осум милијарди евра

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска на средбата со жителите на општина Демир Капија  го најави Интервентниот план за инвестиции – кој е над осум милијарди евра.

-Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат и работ во родното место, бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат, рече Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека ќе се утврдуваат заедничките потребите на граѓаните во одреден реон, маало или населба – и, општината епланирано ќе нуди субвенции, за да се отворат нови локално дефицитарни бизниси и додаде дека тоа – и ќе отвори нови работни место – и ќе биде добро за вас граѓаните кои за своите потреби ќе може да се обратат во родното место, а не да се прават трошоци по други градови.

Тој низ бројки се осврна на реализираните проекти во минатите четири години: 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради и на демиркапијци им најави изградба на автобуска станица, изградба на пречистителна станица за отпадни води, хортикултурно уредување на село Корешница!и инвестиции за развој на спортот и спортски објекти.

Како никогаш порано се инвестирала во општините и тоа со рамномерна грижа за сите општини, за секој регион, со опфат на сите жители и така ќе продолжат и во следните години.