Бизнис
7. August 2019 - 16:38

Заев најави 5 милијарди евра инвестиции, Мицкоски препозна најава за најголем грабеж

Инвестиции од околу 5 милијарди евра најави премиерот Заев. Во пормотивно видео на социјалните мрежи Заев посочи дека во следниот период ќе се инвестира  во капитални проекти кои се од голема важност за граѓаните.

– Една милијарда во патишта, една милијарда во железница, една милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки… Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани, вели Заев во пораката на ФБ.

На ова реагираше претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски. Посочи дека се подготвува најголемиот  грабеж во земјава и дека Заев најавува инвестициски бум  без план и без методологија.  Потсети на сите ветувања кои не се реализираа.

Се подготвува најголемата пљачка во поновата историја на Република Макеоднија од половина милјарда евра пари кои ќе се обезбедат од заеми и ќе ги плаќаат сите граѓани и полека но сигурно ја носат Македонија во должничко сценарио. Тој е истиот Зоран Заев кој велеше дека ќе има загарантиран откуп за родот на земјоделците , 500 километри нови автопати, 500 евра плата и раст на економијата од минимум 5 отсто секоја година, напиша Мицковски на ФБ.