Македонија
11. July 2018 - 16:06

Заев: Над 75% од гласачите ќе излезат на референдумот за договорот со Грција

Над 75% од граѓаните на Македонија ќе излезат на референдум и ќе гласаат, вели премиерот Заев во интервју за Би Би Си.

Заев најави дека по завршувањето на процедурите, ќе побара од сите земји да ја признаат Македонија под новото име, а потоа, како што вели, воопшто нема да биде важно дали некој ќе ни се обраќа со Северна или јужна Македонија.
За однесувањето на Претседателот Иванов, Заев вели дека е преседан.
Според премиерот опозицијата неосновано обвинува дека со Договорот со Грција се прекршил Уставот. Заев вели дека, се додека не помине на референдум, Договорот со Грција е само договор кој нема правна сила.

Премиерот уште еднаш повтори дека референдумот ќе се организира на на крајот од септември или почетокот на октомври.