Македонија
2. August 2018 - 16:18

Заев на заедничко чествување со Борисов во Бугарија

Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Благоевград заедно ќе ја одбележат 115-годишнината од Илинденското востание.

Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград. 

Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство меѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На одбележувањето на годишнината ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.