Македонија
18. May 2021 - 17:02

Заев на вечера со Борел во Брисел, Владата очекува силен европски притисок за деблокада на интеграциите

Владата очекува наредниве денови  засилен ангажман за старт на преговорите. Уште вечерва премиерот Заев ќе се сретне со шефот на европската дипломатија Борел во Брисел, по што двајцата ќе учествуваат на работната  вечера на лидерите на Западен Балкан посветена на интергацијата на регионот. Утре Заев ќе се состане и со претседателот на Европскиот  Совет Шарл Мишел.

Во исто време вицепремиерот за евроинтеграции открива дека под покровителство на португалското претседателство се одржуваат средби на различни нивоа, а во текот на неделата ќе има и средби, но не сакаше да прецизира за какви активности се работи. Димитров очекува поддршка и помош од сите членки на Унијата  за старт на преговорите,  без оглед на актуелната  политичка ситуација во Бугарија. 

- Точно е дека е предизвик техничката влада, но потоа има едни избори, кај нас, други избори кај соседите, трети избори во големи земји-членки. многу е важно да има пробив, многу е важно и за еу да се одржи довербата дека еу е сериозна кога зборува дека ние ќе бидеме дел од европа, подвлече Димитров.

Во меѓувреме силна поддршка за  македонските евроинтеграции дојде и од Словенија и Хрватска на регионалниот  самит кај Крањ, со ветување дека политиката на проширување на ЕУ со земјите на  Западен  Балкан ќе биде приоритет во агендата на претседавањето на Љубљана  со Советот на Европската Унија во втората половина на 2021 година.