Заев на средба со граѓани во Шуто Оризари повика на масовна излезеност на изборите
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска на средба со граѓани во скопската општина Шуто Оризари повика на масовна излезеност на 5 мај и успешни претседателски избори.
-Пред неколку часа дојдов од Берлин, тука прво ќе ја соопштам веста. Ќе отвориме преговори со ЕУ, тоа значат пари, фондови, систем, перспективи. НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат леб. Затоа сите земји се стремат да бидат членки на НАТО и ЕУ, а еве ние веќе стануваме членка на НАТО. Не ни треба нов блокатор. Силјановска би била нов Иванов, да дадеме поддршка за Стево Пендаровски, повика претседателот на СДСМ и премиер Заев.
Тој укажа дека Република Северна Македонија се развива како едно заедничко општество за сите граѓани, од сите етнички заедници, кон НАТО и ЕУ, дека сме на вистинскиот пат како земја.
Потсети на последиците од, како што рече, режимот, на кој е кандидатка Силјановска и сака само амнестија на Груевски.
Тој најави пакет социјални мерки, како што е зголемувањето на социјалната поддршка за социјално загрозените семејства од 2.600 денари на над 12.000 денари.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот