Заев на средба со Еуростат: Квалитетни статистички податоци важни за спроведување одржливи политики
- Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со високи претставници на Еуростат, директорот на Директоратот А во Еуростат, Питер Еверарс, тим лидерот за земјите кандидатки за членство задолжен за Македонија и Албанија, Торбјорн Карлкуис, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Семуел Жбогар и директорот на Државниот завод за статистика на Република Македонија, Апостол Симовски.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата со високите претставници од Еуростат се разговараше за предизвиците во областа на статистичките истражувања и за важноста на квалитетот на статистичките податоци како предуслов за спроведување на долгорочни одржливи политики како и за препораките на Европската Комисија во последниот извештај во кој Македонија доби чиста препорака за почеток на претпристапни преговори со ЕУ.
Претставниците на Еуростат ги пренесоа европските искуства и пракси и разменија мислења за моделите на спроведување попис на населението во Република Македонија, кој би ги исполнил меѓународните пропишани стандарди и би одговорил на очекувањата за обезбедување на квалитетни статистички податоци.
- Премиерот Заев ја потенцираше заложбата на Владата на Република Македонија да ја гарантира професионалноста и независноста на институциите како што е Државниот завод за статистика и да ги насочува институциите да го унапредат своето работење согласно европските стандарди, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис