Македонија
11. јуни 2018 - 19:16

Заев му се јави на Ципрас: По еден час разговор, договориле утре пак да се слушнат

Заев му се јави на Ципрас. По еден час разговор рано попладнево двајцата премиери се договориле утре повторно да се слушнат.

„За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија“ информираше Владината прес служба во краткото соопштение за јавноста

Во пресрет на најавениот телефонски разговор со својот грчки колега, шефот на македонската Влада утрово не го криеше оптимизмот. Вели, брзаме за договор пред самитот на ЕУ на крајот од јуни

Од резултатот од разговорот утре ќе се знае и дали премиерот Заев кон средината на оваа недела ќе патува во Германија, или пак во грчкиот дел на брегот на Преспанското Езеро на средба со Ципрас.

Продолжената неизвесност според премиерот се должи на претпазливоста и желбата да се најде решение кое ќе ги заштити двете страни, а за Македонија, идентитетот останува приоритет.

Договор меѓу Заев и Ципрас би обезбедил датум за старт на преговорите. За него треба да решат министрите за надворешни работи кои на 25 и 26 јуни ќе се соберат во Луксембург, за нивната одлука, на 28 и на 29 јуни на самитот на ЕУ во  Брисел да ја потврдат и премиерите на земјите членки на Унијата.