Заев-Могерини: Неопходно е земјата да биде поддржана и да продолжи уште побрзо на патот кон еврoинтеграцијаta
За стабилноста на регионот и особено за придобивките на граѓаните на Северна Македонија и на Грција после Договорот од Преспа, неопходно е земјата да биде поддржана и да продолжи уште побрзо на патот кон очекуваната европска интеграција, се согласиле премиерот Зоран Заев и потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини на состанокот на маргините на денешната конференција на шефови на држави и влади за Западен Балкан во Берлин.
Како што соопшти владината прес-служба, Договорот од Преспа, за време на разговорот беше потенциран како успешен пример и одлична вест која регионот ја испраќа кон Европа, а беше потенцирано и дека денешната Конференција, меѓу другото, има цел да ги слави придобивките за регионот од Договорот.
На средбата на која присуствуваше владината делегација предводена од премиерот Заев во чиј состав се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, се наведува, беше поздравен успешниот прв круг од демократски спроведените претседателски избори и беа изразени уверувања дека постојат услови за успешен втор круг и за исполнување на потребниот цензус за вториот круг.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228