Македонија
5. April 2021 - 15:09

Заев: Мерките ги воведуваме со цел секој граѓанин празничните денови да ги помине во мир со саканите на број

На денешната прес-конференција Заев ги соопшти новите мерки кои стапуваат на сила од утре односно задутре, полицискиот час од утре започнува од 20 часот, а сите угостителски објекти се затвораат на 7 април.

„Мерките ги воведуваме во пресрет на празниците со цел да овозможиме празничните денови секој граѓанин и секое семејство да ги помине во мир и спокој, со саканите на број. Тоа убеден сум, секому е прва желба за претстојните празници. Со овие мерки очекуваме да се намали заразата и притисокот врз здравствените работници“, рече Заев.