Македонија
15. December 2020 - 14:32

Заев: Меѓу првите ќе ја примам вакцината за Ковид-19

На денешната прес конференција премиерот Заев изјави дека тој ќе биде меѓу првите кој ќе ја прими вакцината против Ковид-19.

Со ова премиерот Зоран Заев истакна дека сака да даде личен придонес во борбата против пандемијата.

Претходно, и Филипче и претседателот Стево Пендаровски најавија дека ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат за да бидат пример пред граѓаните.