Македонија
25. јуни 2021 - 21:51

Заев: ЛГБТИ заедницата ја има мојата поддршка за каузата која значи еднаквост

Премиерот Зоран Заев во пресрет на втората Парада на гордоста вели дека ЛГБТИ заедницата ја има владината и неговата поддршка за каузата која, како што рече, значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето општество.

-Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за „Едно општество за сите“ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други. Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден.Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас, напиша Заев на Фејсбук.