Македонија
26. јуни 2018 - 16:56

Заев-Курц: Апел до лидерите за доделување датум

Ако европските лидериу не го одобрат датумот за почеток на пристапнмите преговори, Македонија нема да се откаже, но нема д абиде лесен процесот дома кој ќе следува за реализација на договорот со Грција. 

Премиерот Зоран Заев и австрискиот домаќин, Себастијан Курц денеска од Виена повикаа на европско однесување на лидерите од Европа и на препознавање на важноста од определувањето на датумот за почеток на преговорите.

Премиерот Заев добил уверување од австрискиот премиер дека официјална Виена ќе ја поддржи Македонија и дека следните шест месеци како претседавач со Унијата ќе работи на одобрување на датумот за Македонија

Марјан Николовски Сител