Заев – Куик: Нашето економско партнерство и проекти во областа на меѓусебно поврзување ќе создадат бенефити, особено за младите
Безрезервна поддршка за засилување на економското партнерство со цел да се создадат услови за отворање нови работни места, особено за младата генерација, како и волја, плодовите од изразеното искрено пријателство од двете страни да биде искористено за зближување на двата народа, за заеднички раст и развој, како пример за соработка на две соседни земји во целиот регион.
Ова беше истакнато на денешната средба на премиерот Зоран Заев со заменик-министерот за надворешни работи на Грција, задолжен за грчката дијаспора Теренс Николаос Куик, кој е во дводневна работна посета на нашата земја, соопштија од владината прес-служба.
На средбата, на која премиерот Заев беше придружуван од министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми и заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, а која помина во пријателска и срдечна атмосфера, беше изразено задоволство од позитивниот развој на односите меѓу двете соседни земји, по потпишувањето на Преспанскиот договор, со што, како што беше нагласено од двете страни, се отвори перспективна иднина за граѓаните и идните генерации и во Грција и во Северна Македонија.
-Со мојот пријател, грчкиот премиер Алексис Ципрас, покажавме дека пред нас, стојат отворени можности за соработка и дека заедничките интереси можеме да ги искористиме за позитивна соработка, да ги надоместиме изгубените години. Со нашата заедничка политичка волја покажуваме и веќе чувствуваме дека е возможна одлична економска и трговска соработка меѓу нашите пријателски земји, како и соработка во областа на туризмот, образованието, културата и спортот, рече премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553
-
Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Од обработени 8,21% Силјановска Давкова 66.482, Пендаровски 28.490
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213
-
ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите
-
Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче, соопштува МВР