-->
-->
Заев: Концептот за враќање на парите кај граѓаните е прав пат!
-->
Во своето обраќање на граѓанската трибина ,,На прав пат" во Штип претседателот Зоран Заев порача дека концептот на враќање пари кај граѓаните е правиот пат за развој на државата.
- Ја покачивме минималната плата но сега отворен е процес за ново сериозно зголемување на минималната плата за сите работници. Преку реални економски политики успеавме просечната плата да ја зголемиме, за две години околу 2.000 денари. И не застануваме тука, имаме нови мерки за субвенционирање на придонесите од задолжителното осигурување за компаниите кои ќе ги покачат платите на работниците до 100 евра.Да, концептот за зголемување на платите е прав пат! порача Заев.
Претседателот Заев се осврна и на мерките што ги намалуваат трошоците за живот и обезбедуваат повеќе пари за граѓаните.
- Укината е радиодифузна такса за сите, воведена е евтината дневна тарифа на струјата. Но овде во Штип дополнително е и намалувањето на цената на водата што севкупно ги намалува трошоците на домаќинствата. Со повратот на 15 отсто од ДДВ само во првите три месеци враќаме над 3 милиони евра кај граѓаните, а првото враќање ќе биде на почетокот на декември. Концептот за повеќе пари кај граѓаните е прав пат! истакна претседателот Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење