Заев: Концептот на Пендаровски е прогресивен и обединува, другиот е деструктивен и го дели народот
Стево Пендаровски освои 321.201 глас наспроти 316.872 на Гордана Сиљановска Давкова и 79.169 гласови на Блерим Рекаи, соопшти вечерва премиерот Зоран Заев напоменувајќи дека овие бројки се според нивниот штаб од проверени 98,27 отсто од вкупниот број на избирачи.
– Пендаровски води со преку 4.300 гласови предност. Дозволете ми да ви честитам за фер и демократските избори со кои потврдивме темелна европска вредност. Вакви чекори ни доликуваат и јас сум уверен дека во вториот изборен круг ќе заокружиме уште една европска вредност-европски претседател на нашата држава, рече Заев.
Според него, два, целосно различни концепта се спротвивставени во вториот изборен круг.
-Концептот на Стево Пендаровски е прогресивен и обединува. Другиот концепт на Гордана Силјановска е деструктивен и го дели народот, нагласи преседателот на СДСМ.
Тој рече дека знае дека во вториот круг граѓаните уште посилно ќе го поддржат напредокот и дека повеќе граѓани ќе се приклучат кон победата на Пендаровски.
-Сечив глас е важен. Вие сте важни. Од вашиот глас зависи дали земјата ќе продолжи напред. Излезете и гласајте во вториот круг. И вие одлучувате. Изберете прогрес за нашата земја. Повикувам на големо обединување во вториот круг од претседателските избори за уште еден сигурен чекор Напред, на патот што го трасиравме, кон НАТО и ЕУ, кон економски напредок, истакна Заев.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи