Македонија
29. October 2020 - 15:37

Заев: Комисијата е комплетно стручна, професионална, апелирам до опозицијата на одговорно однесување

Премиерот Зоран Заев изјави дека Владата е целосно посветена со сите свои капацитети на справување со ковид-кризтаа и во здравствениоит и екононскиот сегмент, и смета дека со целосно почитување на новите мерки кои синоќа ги усвои Парламентот и одговорно оденсување на сите, мерките ќе дадат резултати во справување со кризата.

-Огромен процент ако не скоро и целосно нашето време е посвтено на ковид-кризата со сите наши капацитети што постојат како Влада. Денеска реферирав пред Советот за безбедност и ги запознав за сите аспекти и можности кои Владат ги има на располагање пред се од аспект на финансиска поддршка на здравствениот, но и на економскиот аспект на кризата. Контактираме експерти, постојано сме во комуникација со регионот и Европа, разменуваме информации. Јак бран го има зафатено целиот свет. Ова е истовремено многу силен бран во Европа кој не нема ни нас одминато, рече Заев одговорајќи на  прашање на МИА на заедничката прес-конференција по седницата на Советот за безбедност.

Тој го поздрави Собранието, посебно парламентарното мнозинство кое синоќа го усвои законот и со тоа даде можност сите мерки да бидат ставени во сила.

-Новините се дека прво ќе има казни за сите што не ги почитуваат мерките, а тоа е носење на заштитна маска на отворено, групирањата и сл. Новина е што се зајакнати надлежностите на инспекторските служби, посебно во делот на санкционирањето. Инспекторите ќе имаат можност да пломбираат и затвораат угостителски објекти, да испорачуваат казни за угостителските и правните субјекти казните стигаат до 30.000 евра, рече Заев.

Тој ја повика опозицијата на одговорно однесување во услови на пандемија за, како што вели, да не ја доведува јавноста во опасност..

-Истовремено одговорноста на сите мора да биде на највисоко ниво и во тој дух реално ја повикувам опозицијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, за одговорно однесување, затоа што ја става во дилема и во опасност јавноста со неодговорното однесување. Сите мора да бидеме одговорни затоа што пресериозна е кризата за целиот свет, за Европа и за РС Македонија. Јас верувам дека граѓаните најмалку што очекуваат од нас е максимална одгворност и посветеност во функција на помагање на оние кои работат, рече премиерот Заев.

Тој им одаде признание посебно на здравствените работници, за ентузијазмот и посветноста и потврди дека стојат на располагање за димензионирање мерки на иницијатива на Собранието која стигнала до Владата и е веќе ставена во ребалансот на буџетот, за наградување на сите што работат на Ковид, а тоа се лекари, здравствени работници, медицински сестри, болничари, како соодветна мотивација.

-Целиот овој процес, сите овие постапки и ако сите заедно бидеме одговорни и посветени ќе дадат поголеми успеси во справувањето со ковид-кризата. Тешки се моментите. сите губиме по некој човек, имаме болни луѓе. Ковид кризата е присутна насекада. Овие нови тестови кои ќе се набават од Минстерството за здравство даваат многу брзи резултати. Ќе имаме уште повеќе, веќе во буџетот се вградени 78 милиони денари за нови тестови, дополнително добиваме теестови од донациите, рече Заев.

Во однос на барањата од опозицијата за остравка на Комисијата за заразни болести, Заев децидно порача дека станува збор за стручна и професионална комисија и апелираше да се почитуваат мерките и насоките кои таа ги дава.

-Дефинитивно превенцијата, личната заштита, своја и на нашето опкружување е најефикаксниот механизма кој дава резултат во регионот, Европа и светот и затоа најискрно апелирам до целиот наш народ на максимално почитување на мерките. Посебно со искуството со први соработници во болници, со членови на моето семејства, пријатели, на вашите семјества. Сето тоа треба да не доведе до алармот дека треба да ги слушаме стручните луѓе, дека оваа Комисија е комплетно стручна, професионална, таа животот го живее од утро до ноќ посветана на тоа.Тоа се апсолутно стручни луѓе.Таму нема партиски книшки и политички определби. Верувам дека секој може да даде свој придносе во справувањето со оваа криза, реше премиерот Заев.

Претседателот Стево Пендаровски од своја страна истакна дека секоја добронамерна критика или конструктивна идеја која може да помогне во една ситуација без преседан во целиоит свет е добредојдена.

-Постои јасна волја ако таков предлог дојде да биде применет и да даде позитивни ефекти Нема никаква предрасуда во однос на идеи и предлози кои доаѓаат надвор од оваа владина структура и се заложив тоа да биде така и понатаму, рече Пендаровски.