Македонија
27. December 2017 - 16:47

Заев ќе оди во Солун за Нова година на покана на Бутарис, Ципрас не можел да дојде

Владата потврди дека Премиерот Заев новогодишните празници ќе ги помине во Солун, на покана на ослунскиот градоначалник.

,,Поканата беше од градоначалникот на Солун Бутарис. Премиерот Заев ќе оди, меѓутоа посетата ќе биде во форма на приватна посета, значи нема да биде официјална државна посета‘‘, изјави Бошњаковски.

Но тоа што беше интересно во поканата е идејата на Бутарис новогодишната ноќ да ја помине со македонскиот и грчкиот премиер, како чин на затоплување на односите меѓу двете земји и постигнување клима на доверба за решавање на спорот за името. Но, од кабинетот на солунскиот градоначалник за Сител велат дека грчкиот премиер бил зафатен во наведениот термин, па на Бутарис Заев ќе му е единствениот гостин.

,,Не, нема да дојде. Всушност тоа беше идеја што градоначалникот Бутарис ја спомна кога бевме во Скопје минатиот пат. Но, констатиравме дека премиерот Ципрас не е во можност да допатува во Солун за Нова Година и дека не може да се реализира таа идеја‘‘, изјавија од кабинетот на Бутарис.

Приватната посета на Заев на Солун, доаѓа по обновените разговори во спорот за името и непосредно пред новата рунда што ќе се одржи во јануари. Медијаторот Нимиц охрабрен од сингналите од двете страни дека сакаат да го решат спорот, најави преговори во следните месеци февруари и март.