Заев: Ќе бидеме фокусирани на позитивна кампања
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување во Дневникот на Сител рече дека неговата партија на претстојните локални избори ќе биде максимално фокусирана на позитивна, промотивна кампања, додавајќи дека градоначаланиците на СДСМ во измитиот четиригодишен мандат реализирале 7.000 проекти.
Вели дека не очекува така да се однесува опозицијата.
-Гледаме и во предвечерието на кампањата каков е односот. Лажните вести се постојано присутни. Негативните тендеции се постојано присутни. Нешто што не се менува кај нашиот политички опонент. Кај нас веројатно тоа предизвикува одредена предност бидејќи граѓаните се фокусирани кон иднината. Но не е добро за државата. Дефинитивно јас и на последната средба којашто ја имавме вчера, следејќи ги резултатите од германските избори, си посакавме позитивна кампања, си препорачавме да бидеме навистина фокусирани на промотивен позитивички дел зашто и тие ние сме свесни дека граѓаните тоа ги интересира, рече Заев.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност