Македонија
6. September 2021 - 11:46

Заев: Ја очекувам поддршката од сите што нема да одат во втор круг, верувам ќе победиме

Ако влеземе во втор круг верувам дека ќе победиме кажа премиерот Зоран Заев на денешната промоција на нова поштенска марка по повод 30 години независност.

„Има прв круг и знаеме дека двајца ќе поминат во првиот круг. Ако ја имаме таа чест и заслуга граѓаните да ни дадат дозвола на нас да одиме во втор круг верувам дека ќе победиме. Верувам затоа што сум упатен политичар ги знам истражувањата, ги знам резултатите кои се доволна причина во ваква конкуренција да добиеме шанси и за градот Скопје и за мнозинството на општини ширум државата“, кажа Заев.

„Верувајте во едно време кога имавме само лева и десна страна на понудата, денеска е убавина кога можеме на граѓаните да им понудиме лепеза на кандидати од секакви профили, и навистина овде добиваат сите и тоа е убавината на демократијата. Од сите што нема да одат во вториот круг ја очекувам поддршката затоа што голем дел се приврзаници на политиките во кои веруваме“, додаде премиерот.