Македонија
8. October 2018 - 17:03

Заев: Изборите се крајна опција - Столтенберг: Нема план Б за Македонија

Не постои план Б за влез во НАТО, без договорот за името, порача од Белград генералниот секретар на Алијансата. Но, одлука граѓаните и демократските институции во земјата треба самите да ја донесат, истакна Столтенберг.

- Цврсто верувам дека она што земјата треба да го направи сега е да донесе одлуки за натамошните чекори. На Владата и на Собранието е да ги донесат тие одлуки. Да решат како ќе одат напред, како да реагираат на референдумот и на сите политички импликации и последици што тој ги донесе, изјави Столтенберг кој денеска е во посета на Србија.

Столтенберг  посочува дека  штом  договорот со Грција ќе се имплементира ,  процесот на пристапување ќе биде брз , бидејки веќе се отпочнати преговорите за членство. Тој уште еднаш повтори дека се работи за историјска  шанса и прилика која не смее да се  пропушти.

И на премиерот Заев му се брза.  Колку побргу се ооплементира доворот толку подобро ќе биде и за Скопје и за Атина, вели тој во  интервјуто за Еуроњуз на грчки јазик,. Изборите, според него, не и се потребни на МАкедонија  туку собраниско мнозинство.

- Пораките од комесарот Хан и целата европска заедница се јасен поттик кон пратениците да го завршат тоа што беше започнато и очекуваме тоа да се случи. На тоа се фокусираме, бидејќи сум убеден дека и опозицијата го поддржува патот кон Европската унија и НАТО. Немам никаков сомнеж за ова. Она што треба да се случи е да запрат политичките пресметки за да го завршиме овој процес за нашата земја. Денови се во прашање. Се прават консултации, јас разговарам, пратениците разговараат меѓу себе, раководството на владејачката партија, но и на партиите што се во владата од албанскиот блок, разговараме со пратеници и веруваме дека е можно и ќе направиме сѐ за да успееме, објаснува македонскиот премиер во кусото интервју за „Еуроњуз”.

Заев открива дека грчкото  и макеоднското мнр се во постојан контакт, но и владите на двете земји, а во фокусот е натамшната имплементација на договорот од Преспа.