Заев: Избори мора да има час поскоро, гласање ќе се одржи согласно безбедносните протоколи
Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи. Одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции. Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена после завршување на вонредната состојба. Не постои никаков друг правен механизам, напиша на својот фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Време е, пишува Заев, нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието. Конечно изборите да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон новата македонска економија и кон справувањето со КОВИД-19.
-Носителите на листи на коалицијата #Можеме во изборните единици 2, 5 и 6 денеска беа на терен. Одржаа координативни состаноци, делеа маски и разговараа со локалното население. Сите активности беа организирани и реализирани согласно протоколите на надлежните институции за заштита на јавното здравје, пишува на Фејсбук Заев.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација