Македонија
10. March 2018 - 16:37

Заев: Институциите да спроведат темелна и професионална истрага за вработениот во МВР

Премиерот Зоран Заев ги охрабрува институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти во врска случајот со осомничениот вработен во МВР за „злоупотреба на службена положба и овластување“, за кој денеска е поднесена кривична пријава.   

- Не ги знам сите детали за случајот со осомничениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, но ги охрабрувам институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти. Нема место за толеранција на какви било незаконски дејства. Институциите мора да бидат целосно посветени во служба на граѓаните и во функција на владеењето на правото, пишува Заев на својот профил на Фејсбук