Македонија
23. February 2021 - 18:08

Заев: Имаме значаен успех, обезбеден e домашен притвор

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!

Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана“, напиша Заев.

 

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во...

Posted by Zoran Zaev on Вторник, 23 февруари 2021