Заев: Имаме историска шанса што не треба да ја пропуштиме
Договорот го означува почетокот на крајот на неизвесноста за Македонија и преставува достоинствено и прифатливо решение за двете страни, со кое засекогаш се потврдува македонскиот идентитет и јазик, истакна премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната собраниска седница на која треба биде ратификуван договорот со Грција.
- Имаме договор со јасно обележје на нашиот македонски идентитет, на нашиот македонски јазик, за век и векови. Никому ништо не сме му подариле ниту некој ни земал нешто кога се договоривме за географска одрдница. Ова е храбар чекор во интерес на иднината на граѓаните и нашите деца, за спокојна иднина. Да ги отфрлиме манипулациите и излолацијата и да му понудиме шанса на договорот, рече Заев.
Нагласи дека договорот е поддржан од сите меѓународни партнери, ги отвора портите на Македонија кон европска иднина. Заев очекува датум за преговори од Советот на ЕУ до крајот на месецов, со што, како што посочи, сонот станува реалност.
Повика на обединување во интерес на заедничката иднина.
- Наместо со горчина и гнев, заедно да ги испишуваме идните страници, да ги поведеме граѓаните кон заедничка просперитетна Македонија по примерот на напредните европски земји. Европското семејство не проифаќа како Македонци. Добиваме уште еден пријател и стратешки партнер, ја гарантираме стабилноста и безбедноста на Макеоднија, го отвораме патот кон ЕУ и НАТО. Се остварува стремежот на предците да бидеме признаени од сите како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ова е историски чин со која Македонија и граѓаните добиваат шанса, истакна премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари