Македонија
19. October 2018 - 23:47

Заев им се заблагодари на пратениците што гласале „За“, опсебно на пратениците на ВМРО ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев вечерва на прес-конференција откако Собранието ја изгласа одлуката за пристапување кон уставните измени кажа изјави дека денеска е историски ден за Македонија.

Кажа дека Македонија ќе биде дел од европското семејство, а сонот за подобар живот ќе биде исполнет. 

„Сакам да се заблагодарам на секој пратеник за оваа историска одлука, и на храбрите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја ставија државата пред притисоците. Со вакви одлуки луѓето стануваат херои. Надмината е една пречка и тоа е патот кон стабилна иднина.“, рече Заев 

Заев рече дека ако има некои инсинуации, институциите да истражат, но за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ категорично кажа дека ќе ги ќе гони до крај. 

Премиерот додаде дека сега ги очекува многу работа и дека пораката на помирување и простување охрабри.