Македонија
28. July 2021 - 10:16

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Премиерот Зоран Заев објави дека со претседателот на ДПА, Мендух Тачи договориле соработка за локалните избори.

-СДСМ и ДПА реципрочно ќе соработуваат и ќе се поддржат во повеќе општини, со цел за граѓаните да ги обезбедиме најдобрите градоначалници и советници на кои служењето на народот им се главна цел и определба. Во некои општини соработката ќе ја реализираме во прв круг, а во други општини во втор круг. СДСМ продолжува ја гради и развива најголемата и најдобра коалиција за локалните избори во октомври, стои во објавата на премиерот.