Заев и Сугарески на отворањето на автопатот Приштина - Скопје
Претседателот на македонската Влада Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе присуствува денеска на свеченоста по повод пуштањето во употреба на последната делница од автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Република Северна Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, градежните работи на изградбата на косовскиот дел од автопатот Приштина – Скопје се завршени вчера, а своето присуство на денешната свеченост во близина на граничниот премин Блаце, го потврдија тројцата највисоки косовски челници – претседателот на државата Хашим Тачи, парламентарниот спикер Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај.
Како гостин на свеченоста закажана за 12 часот, покрај македонскиот премиер, се очекува да присуствува и претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ.
Косовскиот премиер Харадинај, покрај Заев и Марковиќ, на инаугурацијата на автопатот „Арбен Џафери“ го покани и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, меѓутоа, според косовските медиуми, тој најверојатно нема да присуствува на свеченоста.
Ново на Сител
-
Свечена заклетва на 30 слушатели на курсот за офицери на Армијата
-
Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ
-
Нуркачи ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што удри во мостот во Балтимор
-
МВР со детали за пукањето кај тетовската болница во кое повредени беа две лица
-
Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции
-
Гир: Не се точни тврдењата дека ЕУ не ја сака Северна Македонија
-
Русија повторно побара седница на Советот за безбедност на ОН за бомбардирањето на НАТО на Југославија
-
Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им се исплати задоцнетата плата