Македонија
11. November 2019 - 16:45

Заев и СОРОС се сретнале во Охрид за „Мал Шенген“

Премиерот Зоран Заев викендов во рамките на работните средби во Охрид се сретнал со заменик - претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, потврдија од Владата.

Во писмениит одговор се вели средбата била дел од новата регионална иницијатива за Западен Балкан популарно наречена Мал Шенген.

„Нема ништо тајно во новата иницијатива на земјите од Западен Балкан - тоа е иницијатива за подобар Балкан и за подобар живот на сите граѓани во регионот. Иницијатива за подобар Западен Балкан не е никако поврзана со најавените предвремени избори во нашата земја, се вели во одговорот од Владата.