Македонија
11. November 2019 - 16:45

Заев и обвинет за 27-ми април си подадоа рака

Обвинет за настаните од 27 април и премиерот Заев си подадоа рака.. Илија Петрушевски кој одговара за насилство сторено во собранието, денеска во судница му се извини на премиерот Зоран Заев кој сведочеше за настанот..

„Се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието. Бев изманипулиран, сите знаеме како се најдовме таму. Јас не удирав, бев присутен неколку минути. Имам две малолетни деца премиере“, рече Петрушевски додека се ракуваше со Заев..

Ќе жалам ако добие казна бидејќи има две малолетни деца, изјави Заев во судницата и најави дека нема да бара отштета од обвинетиот.

Надвор од судницата, побара да не се дозволи да се повторат настаните од 27 април.

Адвокатот на обвинетиот смета дека извинувањето пред Заев, не значи дека тој признава дека сторил насилство, туку само жали што дозволил да биде изманипулиран..

Додека Заев сведочеше за настаните од 27 април, за истиот случај во зградата беа и осомничените за организирање на собраниските настани.

Вељановски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски правеа увид во доказите со кои обвинителството ги сомничи дека тие се организаторите на 27-ми..