Заев и Марковиќ со поддршка за авиолинија Скопје - Подгорица - Сараево
Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација во состав вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министрите за економија Крешник Бектеши и за образование Рената Треневска Дескоска, синоќа во Подгорица имаше билатерална средба и работна вечера со претседателот на Владата на Република Црна Гора Душко Марковиќ.
По средбата, како што информира владината прес-служба, Заев и Марковиќ објавија дека Република Македонија, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина прават уште еден чекор напред во регионалната соработка преку прифаќање на иницијативата на премиерот Заев за реализација на идејата за авионска линија на релација Скопје – Подгорица – Сараево.
- Двете земји имаат само перспективи пред себе, без ниту едно отворено прашање. Она што е важно, поставуваме соодветни чекори што само ќе ја јакнат соработката меѓу нашите две земји. Сакам да објавам дека е усогласен текст помеѓу Република Македонија, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина заедно со нашите кабинети, и ние како претседатели на владите, текст што ќе биде испратен до сите авионски компании што работат овде во овој регион, за да испратат понуда за воспоставување авионска линија на релација Скопје – Подгорица – Сараево и обратно, за да можеме ова важно прашање конечно да го решиме, истакнал премиерот Заев.
Според Заев, ова ќе овозможи нови економски перспективи, како и туристичка и културна соработка, соработка во областа на спортот, на образованието и од сите други аспекти на секојдневниот живот на граѓаните.
Марковиќ го потврдил и интересот на Владата на Република Црна Гора ова прашање да се реши. Тој се согласил дека земјите немаат отворени прашања и оти тоа овозможува развој на односите.
- Двајцата премиери, на Македонија и на Црна Гора, констатираа дека интензивирањето на соработката во регионот ги отвора евро-атлантските перспективи за државите, се вели во соопштението.
Премиерот Марковиќ нагласил дека Република Црна Гора го поддржува членството на Република Македонија во НАТО и оти нашата држава го заслужува тоа.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж